Откако пратеникот Антонио Милошоски на социјалната мрежа фејсбук објави дека наводно братучед на министерката за правда Рената Дескоска од СЈО земал 60.000 евра, со коментар „И Рената знае да помогне, Перо Бошков 60.000 евра од СЈО“, со реакција возврати и министерката.

„Е Антонио, Антонио… Од секогаш си бил фејкер. Цел живот си се занимавал со местенки… Кога ќе ми текне на јавно презентираниот разговор во кој Јанкуловска се чуди дека си предлагал некому да му се подметнат лажни лични карти со што си можел да го наместиш во затвор, се згрозувам од грозоморноста на твоите нарачки… Да не споменувам поигрување со човечки судбини да нарачуваш лустрација за судија…

Очигледно е дека барањето за автентично толкување Ве извади од памет, па почнавте со приказните… во Ваш стил… без грам морал и чесност…

Прво, Бошков не ми е братучед, туку сват, кој ништо од својата кариера, образование или имот не ми должи мене. Ниту сум го магистрирала, ниту сум го докторирала, ниту сум го вработила. Човекот е постар од мене…

Второ, не знам што работел во СЈО, ниту колкав е неговиот придонес. Мојот став кон него е еднаков како кон сите останати во иста или слична положба.

Никогаш не би бранела роднина, ако направил нешто незаконско. Тоа можеш да го видиш од примерот со Трајко Вељановски. Со него, имам крвна роднинска врска, за разлика од Перо Бошков, со кој немам ни капка крв заедничка. Но роднинството со некој не ме спречува да осудам се што е зло и нечовечко, како на пример 27 април, кој ти го помина во кабинетот на Трајко. Што си правел таму, ти знаеш…“, напиша министерката на фејсбук. 

1 коментар

  1. ГОСПОЃО ,,дива министерке.,,,!!! по се изгледа ти ништо незнаеш сем ,,ЕВРА ДА БРОИШ ,, незнаеш што работел твојат ,,СВАТ?,, незнаеш кој го вработил ? па некое врапче сигурно го има вработено нее ништо страшно наместо да се зафатиш со работа и да кажеш зошто твојот сват и цело СЈО си се наградувале , ти се зафаќаш со ,, аноњо.. или бараш нешто што не е твое За жал што една вакава ,, ДИВА С,, е министерка ,која го има правото помешано со кривото, сватовите со брачедите ЕВРАТА СО ДЕНАРИТЕ и ии и многу глупости кои доведоа до КАШАПОПАРА ВО ДРЖАВАВА РАЗМИСЛИ АКО ИМАШ БАРЕМ 1ГР МОЗОК А НЕ САМО ФЕЈ -ФЕЈ ГЕЈ И СЛ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде