Бојан Јовановски, познат како Боки 13, кој е првообвинет во случајот „Рекет“, денеска треба да излезе од болница. Тој минатата недела беше хоспитализиран во Градската општа болница „8-ми Септември“, поради контролни прегледи со упат издаден од доктор во ординацијата во КПВ Шуто Оризари.

Како што претходно информираа од болницата, Јовановски беше сместен во апартман во одделението за интензивна нега, заради безбедносните протоколи, а не заради тежината на неговата здравствена состојба. Од болницата соопштија дека тој е во добра општа состојба и здравствена кондиција. Од болница Јовановски треба да биде вратен во притвор во КПУ Затвор-Скопје.

А за тоа дали ќе излезе од притвор денеска одлучува Апелацискиот суд.
Останатите двајца обвинети за „Рекет“, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец се во домашен притвор.

Судењето за „Рекет“ треба да почне утре во Кривичниот суд во Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде