Триесет и седунгодишниот Б.И. од Скопје вчера во Карпош бил уапсен поради тоа што претходно, во близина на бензинска пумпа на автопатот Табановце-Куманово, со патничко моторно возило „ауди А8“, со скопски регистарски ознаки, превезувал 12 лица мигранти од Авганистан, а при обид да биде запрен, го напуштил местото на настанот.

Мигрантите биле пренесени во ТЦ Табановце, а Б.И. е предаден на полициски службеници од Полициска станица Карпош за понатамошна постапка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде