Брендон Роџерс тврди дека е лојален на Лестер, и покрај силниот интерес кој од Арсенал го има за него.

Поранешниот предводник на Ливерпул прави одлична работа кај „лисиците“, кои се втори на табелата во Премиер лигата и добиваат сериозни пофалби за начинот на кој играат по доаѓањето на Роџерс. За него се верува дека има клаузула во договорот што може да му овозможи на Арсенал да го донесе како наследник на Емери. Според информацијата на медиумите сумата која Арсенал треба да ја плати за Роџерс да си замине од Лестер и да се пресели во Лондон е 14 милиони фунти.

„Да, јас сум посветен на Лестер. Пред осум и пол месеци заминав од друг клуб и дојдов во тим со амбиции. Предизвикот да влезам во првите 6 е сериозен и уживам во секоја минута тука. Сè уште имаме работам а тоа ме возбудува“, изјави тој за ББС.

За најавата дека има клаузула во договорот со „лисиците“, Роџерс вели:„Да, постои одредба за ослободување во договорите на менаџерите, но во овие случаи тоа е прилично хипотетичко“, дополни.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде