Кошаркарска Америка е облеана во плач поради прераната и трагична смрт на Коби Брајант, но ужасното сценарио не претставуа загуба само за НБА лигата, туку и воопшто за сите сфери во спортот со оглед на влијанието кое го имаше „црната мамба“.
Доказ за тоа се и милионите пораки кои во изминативе 24 часа се објавуваат на социјалните мрежи, почнувајќи од НБА ѕвездите, па се до НФЛ играчите, фудбалерите, тенисерите и сите оние кои го познаваа лично и гледаа на Коби како на свој идол.
Кристијано Роналдо и Лионел Меси предводеа со пораките од фудбалската сцена, но дефинитивно, доста трогателна е пораката која ја испрати легендарниот Дејвид Бекам, кој во своето обраќање потенцира дека му биле потребни неколку часа за да го состави текстот.
–  Потребни ми беа часови за да сфатам што треба да напишам, но и покрај тоа, моите зборови не можат доволно да опишат како се чувствувам после оваа трагична загуба. Тој беше еден специјален спортист, сопруг, татко и пријател. Пишувањето на овие зборови е доволно тешко, но фактот дека загубивме и неверојатно чувешко суштество и убава и талентирана ќерка во неговата Џиана,  ми го кине срцето. Посветеноста која Коби ја покажа во неговиот спорт беше инспирација, за да се оди преку болката и да се заврши мечот само на начин на кој тој знае, ме правеше да бидам подобар. Понекогаш ќе одев на натпревар само за да ги гледам оние последни две минути од мечот, знаејќи дека ќе бидеме сведоци на нешто посебно. Коби секогаш зборуваше за Ванеса и за неговите убави ќерки и велеше колку е горд на нив. Страста на Коби беа неговото семејство и кошарката. Тој беше одреден да биде инспирација за следната генерација од момци и девојки кои ќе го играат спортот кој тој го сакаше. Неговото наследство ќе продолжи, – порача емотивниот Бекси кој можеше одблиску да се дружи со Брајант додека беше во Лос Анџелес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде