Скопје добива нов булевар во северниот дел на градот кој ќе овозможи со автомобил од центарот на градот до обиколницата да се стига за само 15 минути. Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, нагласи дека Градот продолжува да гради со засилено темпо, со рекордно кратки рокови и во сите десет скопски општини. Интензивно се работи на втората фаза од реконструкцијата на улицата „Индира Ганди“ и на првата фаза од булеварот „Босна и Херцеговина“, а неделава се очекува да почне и втората фаза од изградбата на овој булевар.

Северниот дел на Скопје добива нов булевар. Скопскиот gрадоначалник Петре Шилегов преку Фејсбук најави дека во тек се завршните подготовки за официјално пуштање во употреба на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, додавајќи дека со реконструкцијата, со автомобил од центарот на градот до обиколницата ќе стига за само 15 минути.

Втората фаза од реконструкцијата го опфаќа потегот од улицата „Натаниел Кучевишки“ до обиколницата, за што Градот издвои 125 милиони денари. Изведувач на работите е градежната фирма „Пелагонија“ од Гостивар. Истата фирма го изведуваше и првиот дел од булеварот кој го опфати потегот од булеварот „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“, во должина од 1.000 метри.

Шилегов нагласи дека Градот Скопје продолжува да гради со засилено темпо, со рекордно кратки рокови и во сите 10 скопски општини. Интензивно се работи на втората фаза од реконструкцијата на улицата „Индира Ганди“ и на првата фаза од булеварот „Босна и Херцеговина“, а неделава се очекува да почне  и втората фаза од изградбата на овој булевар.

– Годинава очекувам да почнат градежни активности на големата раскрсница кај Момин поток и на мостот во Карпош 4, да почнат градежни работи на продолжението на булеварот „Борис Трајковски“ и да ја почнеме третата фаза на булеварот „АСНОМ“ низ Ќерамидница. Развојот на сообраќајната инфраструктура во нашиот град не смее да запре. Скопје ќе продолжи да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки за да обезбедиме одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај за нашите граѓани. На тој начин директно ќе придонесеме за намалување на економската криза, не само во нашиот град, туку и во целата држава – смета скопскиот градоначалник кој најави дека за изградба и реконструкција на градските сообраќајници ќе бидат потрошени 760 милиони денари во тековнава и наредната година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде