Ернесто Валверде е минато, а нов тренер на каталонскиот гигант Барселона е Кике Сетиен. 61-годишниот стратег кој до минатата сезона го предводеше Бетис, треба да биде претставен „Камп Ноу“ во текот на утрешниот ден и веднаш ќе го преземе составот на Барса. Тој ја доби довербата на раководството на клубот да го води тимот до крајот на сезоната, со можност за продолжување на соработката доколку бидат остварени планираните цели.

Ова е прва промена на тренерската позиција во Барселона во текот на сезоната од 2003 година. Со Кике Сетиен, каталонскиот тим ќе се бори за трофеи на три фронта во продолжение од сезоната. Во Ла Лига, Барселона се наоѓа на врвот заедно со Реал Мадрид и ќе води голема битка за одбрана на шампионскиот пехар, нокаут фазата во Лигата на шампионите ќе ја почне со двомечот против Наполи, а исто така е во трка и за трофејот во Купот на Шшанија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде