Снимка која се прошири на социјалните мрежи ја шокира црногорската јавност и активистите за правата на животните. На неодамна одржан турнир во мал фудбал во Улцињ, организаторите донеле волк во минијатурен кафез.

На видеото се гледа како неколку мажи носат кафез со волк среде преполна сала, како и маж што се обидува да седне врз кафезот додека насобраната толпата вика и навива. Преплашеното животно се грчи и нервозно врти во круг, пишува порталот CdM од Подгорица.

Не е јасно која била целта на овој чин и што сакале со него да постигнат организаторите.

Невладината организација „Галоп“ објави дека дознале оти се работи за некава традиција на турнирот, но сметаат дека вакви работи не треба да се повторат.

„Тие неофицијално ни рекоа дека традицијата потекнува од претходните години кога наводно бил носен мртов волк. Во моментот собираме информации и набргу ќе поднесеме кривични пријави. Ова е тешко да се гледа и се надеваме дека конечно ќе ги насочиме ваквите работи на вистинскиот пат“, изјавиле од организацијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде