Озлогласената шефица на најмоќниот мексикански картел, Марија Гвадалупе Лопез Ескивел (21), попозната под именто La Catrina, убиена е во прстрелка со војкста во Мексико, пренесуваат мексиканските медиуми цитирани од „Дејли мејл“.

Заедно со уште седум члена на картелот таа ги напднала војската, националната гарда и полицијата во Михоакан, а починала во болница од последици од ранување, а „Дејли мејл“ објави и видео од последните мигови на девојката која ја нарекувале и Дамата на смртта.

Во видеото се гледа ранетата La Catrina и мексикански војник кој ѝ вели да издржи додека не дојде хеликоптерот. Било невозможно да ја префрлат в болница на друг начин зашто членовите на бандата ги затвориле патиштата, па војкста морала да побара воздушна поддршка.

Мексиканскте власти објавија дека во акцијата е убиена шефицата на наркокартелот и дека се уапсени уште шест члена на картелот, а запленети се и сандаци муниција и оружје.

Според непотврдени информации, La Catrina се сретналка со уште еден шаф на огранок на наркокартелот, по што ги нападнале војската и полицијата. Ранетата La Catrina била префрлена в болница со хеликоптер, но повредите ѝ биле претешки. Еден од куршумите ја погодил во врато.

Иако мексиканските власти не објавија дека убиената е Марија Лопез Ескивел, на објавените фотографии и снимки се гледа жена која на ногата има тетоважа “Катрина”. Мексиканските власти се сомневаат дека Марија Лопез Ескивел била дел од групата која лани во октомври масакрираше 13 полицајци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде