Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера попладнево во кругот на Зоолошката градина во Скопје била пронајдена експлозивна направа.

– На 01.05.2020 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека додека се вршелo ископ на земја во кругот на Зоолошката градина во Скопје, била пронајдена експлозивна направа. Известена била Единицата за антитероризам, а од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа биле подигната за понатамошна постапка, се наведува во дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи.

Информацијата за дел од медиумите ја потврди и директорот на Зоолошката градина Ѓорѓи Галетановски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде