Прославениот кулинарски експерт од Белград, Дејан Маркус (33) се води како исчезнат од 7 февруари во Хрватска. Од тој ден, му се губи секоја трага и ниту надлежните, ниту пак роднините не можат да го лоцираат, пишува „Јутарњи лист“.

Во Хрватска, поточно во Загреб, своите кулинарски вештини во еден момент ги заменил со виното, а притоа ја отворил и винотеката „The Wine“.

Пријателите последен пат со Маркус контактирале во петокот, а неговата сестра Јелена, која живее во Белград, се јавила на стотина телефони во обид да го лоцира својот брат. Исчезнувањето на Маркус е пријавено и во полиција, која започна потрага по него.

„Јутарњи“ го пренесе и апелот на сестрата на Маркус, Јелена, која ги повика сите кои имаат некаква информација за нејзиниот брат да ѝ се јават на полицијата. Хрватските медиуми пишуваат дека во потрагата по Дејан се активнирани стотина негови пријатели и познаници.

Во станот во кој живеел му се сите лични работи, а фрижидерот бил полн со храна. Единствено недостасувале личните документи и мобилниот телефон со хрватски број.

Дејан, според зборовите на неговата сестра, во Загреб отпатувал откако во Србија нанижал доста успеси. Снимил преку 1900 епизоди на кулинарската серија „Готвење со срце“.

Сестрата Јелена сепак нагласила дека во последниот период работата не му одела баш најдобро.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде