Вејн Руни, Ники Бат и Рајан Гигс вчера го привлекоа вниманието на трибините со своето присуство на „Олд Трафорд“, но сепак, легендарните играчи на Манчестер Јунајтед никако не можеа да бидат задоволни од тоа што го видоа, бидејќи Манчестер Сити комплетно го надигра тимот на Солскјер.

Камерата во неколку пати ги прикажа тројцата како седат еден до друг и ги коментираат случувањата на теренот, но сепак во фокусот на таблоидите посебно се најде Рајан Гигс кој за првпат јавно ја покажа својата нова девојка. Рајан пред три години стави крај на долгогодишниот брак кој го имаше со Стејси откако беше фатен во афера со сопругата на неговиот брат, а сега ни демонстрираше дека сето тоа го оставил зад себе, пронаоѓајќи ја својата нова љубов.

Селекторот на Велс кој има 45 години од неодамна е во врска со 15 години помладата Хелен Стелинг која е диџеј, а сега нивната љубовна авантура е и официјална откако за првпат се појави со неа на „Олд Трафорд“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде