Претседателот на Собранието Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи денеска на треба да се договорат дали и кога Законодавно-правната комисија ќе заседава и ќе го разгледа барањето на СДСМ за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување.

Целта на автентичното толкување, според подносителите, е да се спречат обидите за избегнување на правдата и обезбедување неказнивост за сериозни кривични дела, односно активирање на незаконските помилувања дадени од поранешниот преседател Ѓорге Иванов, а во контекст на можната одлука на Уставниот суд за укинување на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година.

„Мицкоски да ги повика пратениците на ВМРО ДПМНЕ да го поддржат автентичното толкување, нелегалната амнестија на Иванов да се затвори. Со поднесување на автентичното толкување во Собранието СДСМ се бори за правда, за одговорност, за спречување на можноста од враќање на незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов.
СДСМ нема да дозволи никакви амнестии. Пред граѓаните ветивме правда и правиме се правдата да биде задоволена за секого подеднакво“ велат од СДСМ.

ВМРО – ДПМНЕ ќе даде поддршка на иницијативата за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, одговори Мицкоски.

„Предлагам, да се направат законски измени со кои ќе се забрани секое лице кое ќе добие амнестија, да се занимава со политика или да врши јавна дејност во државата… да се отвори дебата, да се консултира правната фела и да се донесат решенија во насока на забрана на аболиција на лица кои се занимавале со политика“ вели тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде