Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика и Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

На Комисијата за транспорт, врски и екологија на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за градење, на Законот за сигурност во железничкиот систем, Предлог законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и дополнувањата на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, сите по скратена постапка.

Законот за градби во јавноста оценет како антиуставен, но интересите на лица блиски до поранешниот премиер Зоран Заев се позначајни од Уставот.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи по скратена постапка, поднесен од пратениците: Мира Стојчевска, Кети Смилеска, Татјана Прентовиќ, Реџаиљ Исмаили, Мирослав Јовановиќ.

Во Второ читање пред Комисијата за труд и социјална политика, пак, се измените на Законот за евиденциите од областа на трудот, по измените и дополнувањата на Законот за забрана и спречување за вршење на нерегистрирана дејност, на Законот за приватните агенции за вработување и на Законот за безбедност и здравје при работа, сите по скратена постапка.

Барање на наод е пред членовите на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде