Единсон Кавани веќе го договори летниот трансфер во Атлетико Мадрид, но уругвајскиот интернационалец со сета сила притиска да му биде дозволено да се пресели во овој клуб веќе во јануарскиот преоден рок. Тој веќе му ставил до знаење на Тухел да не смета на неговите услуги, па Кавани не се најде ниту меѓу резервите на вчерашниот натпревар против Лил.

Шпанските медиуми јавуваат дека тој имал кратко патување во Мадрид, каде ги минал и лекарските прегледи чекајќи двата клуба да се договорат околу висината на отштетата. ПСЖ бараше 20 милиони евра за играчот кој може да си замине како слободен на крајот од сезонава, Атлетико понуди 15, па се очекува шпанскиот и францускиот гигант во следните три дена конечно да се договорат и Кавани да добие зелено светло за преселба на „Ванда Метрополитано“.

Помошта на Уругваецот дефинитивно ќе му биде добредојдена на Диего Симеоне, чиј тим очајно се мачи со реализацијата, со оглед на слабата форма на Алваро Мората и неисполнетите очекувања на скапото засилување Жоао Феликс.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде