Сите сме ние привремено на овој свет. Една драгоцена работа научив во мојот живот, a тaa e: Сакајте, почитувајте, ценете, бидете морални и вложувајте во себе. Ниедна мака или проблем не е толку моќен да дозволите да ви го расипува денот и животот. Прифати ја. Гушни ја. Кажи си во ред, ајде да видиме како да го решиме ова полека и смирено. Вреди ли? – Мора да сфатиме дека животот ни е еден и никој нема да ни даде опција од ново да го започнеме. Имаме толку можности да се менуваме и создаваме што некогаш сме толку заслепени од сопствената ограничувачка свест. Кога човек интелектуално работи на себе, морално се воздигнува и духовно се насочува станува поинаква личност. Во него се раѓа некоја чудна магична сила и смисла. Стравот е тој кој најчесто не кочи во животот. Стравот и опсесивната желба е она кое не повлекува кон бездната. Затоа и треба да се пренесе оваа мудрост поготово на младите кои денеска се опседнати со многу ситни работи и дозволуваат половина свој живот да си го потрошат во нервоза. Нервоза за испити, нервоза за парче облека, нервоза за дечко… И листата е предолга, верувам сите знаеме и сме го искусиле тоа. Но, животот тече. Сѐ поминува. Ќе го положиш тој испит, ќе го купиш тоа парче облека еден ден, а можеби и поубаво, ќе бидеш со тој дечко, а можеби и не, но секако ќе дојде тој што е за тебе. Ќе ти дојде ново работно место, ќе ти се отвори нова шанса… Ќе запознаеш нови луѓе, ќе смениш перцепција за себе… Ќе! Дај си време, дај си шанса. Понекогаш во моментот ни се чини дека цел живот ќе останеме вакви какви што сме во моментот, со вакви околности околу нас и баш вака фиксно како што сме изрежирале во главата. Но, животот и не е баш така едноставно црн. Црн зашто во главата знаеме да се фаќаме за црното, а не за белото. Животот е едно патување кое чека на нас само да се отвориме за него и да ни го даде тоа што длабоко го сакаме!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде