Шпанските медиуми пренесуваат дека на Ноу Камп работите не се сјајни. Играчите се нервозни, а новиот тренер Кике Сетиен не може да се снајде во смирување на ситуацијата.

Имено, капитенот Лионел Меси и дефанзивецот Жерар Пике се скарале за тренинг за квалитетот на играта. Пике му замерил на Меси за играта на навалната линија во екипата, додека Аргентинецот му вратил дека одбраната не е ниво од нападот и затоа има разлика на теренот.

Дали ова ќе се одрази во играта и поените на табелата во Ла Лига останува да видиме.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде