Јирген Клоп, стратегот на Ливерпул, вчера имаше причина за двојна радост. Прво дека неговиот тим го победи во „Мерсисајд дербито“ Евертон со 5:2, и така продолжи да гази во Премиер лигата, а втората е дека дојде до својата 100-та победа во ова натпреварување. Да потсетиме дека него му беа потребни „само“ 159 мечеви до „стотката“. Подобар просек има само Жозе Мурињо, кој за својата „стотка“ му беа потребни 142 меча.

ТАБЕЛА

  1. ЖОЗЕ МУРИЊО 142 меча
  2. ЈИРГЕН КЛОП 159
  3. АЛЕКС ФЕРГУСОН 162
  4. АРСЕН ВЕНГЕР 179
  5. РАФА БЕНИТЕЗ 181

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде