Коби Брајант ги радуваше кошаркарските фанови во изминативе 20-тина години и секогаш ќе остане запаметен како еден од најдобрите играчи кои се појавиле во НБА лигата, не само поради тоа што го понуди на теренот, туку и поради влијанието и трагата која ја остави надвор од него.

За жал, легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс на само 41-годишна возраста замина во вечноста, откако вчера беше една од деветте жртви во страшната хеликоптерска несреќа која се случи во Калифорнија. Човекот кој беше идол на многу млади генерации го загуби животот во трагедијата во која погина и неговата 13-годишна ќерка Џиана, а дека Коби беше многу повеќе од кошаркар и НБА ѕвезда најдобро ни докажуваат пораките кои ги испратија Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Двете најголеми фудбалски ѕвезди имаа лош викенд и претрпеа порази на натпреварите кои ги одиграа, но во прв план ја ставија големата спортска загуба која го потресе цел свет.

– Толку сум тажен што слушнав срцепарателни вести за смртта на Коби и неговата ќерка Џиана. Коби беше вистинска легенда и инспирација на многумина. Им испраќам сочувство на неговото семејство, пријателите, но и на семејствата кои ги загубија најблиските во несреќата. Почивај во мир легендо, – порача Роналдо.

– Немам зборови… Ја испраќам сета моја љубов до семејството и пријателите на Коби. Беше чест да те запознаам и да минам убави моненти заедно со тебе. Ни замина еден гениј какви што ги иман многу малку, – гласи пораката на Лео.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде