Несекојдневна сообраќајна несреќа се случила денес во Бања Лука кога возило од марката Пежо влетало во излог на продавница.

Како што неофицијално се дознава, на девојка која го управувала возилото и се заглавила штиклата меѓу папучата за гас и кочницата.

Таа возела во кружен тек по што завршила во излог на продавница рушејќи го сообраќајниот знак, а за среќа немало пешаци и избегната е поголема трагедија.

И на продавницата и на возилото е направена голема материјална штета, а автомобилот со кој управувала е службен.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде