Медена земја“ ја освои наградата за најдобра камера на Фејми Даут и Самир Љума на најпрестижните награди за документаци ИДА, што се доделија синоќа во Лос Анџелес. Режисерот Љубомир Стефанов ја прими и наградата „Паре Лоренц“, која на ИДА се доделува „за давање пример за филмско снимање, со истовремено фокусирање на соодветната употреба на животната средина, правда за сите и откривањето на социјалните проблеми“, а „Медена земја“ е годинашен добитник.

Примајќи ја наградата, Даут рече дека таа е голем поттик за него да продoлжи со работата и признание за 8-годишната соработка со Стефанов.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде