Неименуван маж, во американскиот град Колорадо Спрингс е приведен откако рано изутринава на повеќе локации со нож нападнал осуммина случајни минувачи, јави Си Ен Ен.

Полицијата одговорила на повик во 1:30 часот изутрина, каде пронашла две лица прободени со нож, а кои информирале дека напаѓачот пеш заминал кон блискиот парк. Полицијата тргбала во тој правец и пронашла и други жртви, нападнати со нож од истото лице. Потоа добиле уште една дојава. На местото на настанот го пронашле напаѓачот, кого жртвите успеале да го запрат. Нападнатите се хоспитализирани, а напаѓаот е во притвор.

„По сè изгледа нападите не биле претходно изпланирани и не постои поврзаност меѓу осомничениот и жртвите“, се посочува во полицискиот извештај.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде