Лино Червар бараше алиби и го навреди Ѓорѓи Начевски за одлуката кога во последниот напад на Хрватска во 59. минута досуди чекори.

Колку и Червар да се буни и тоа да не му се допаѓа чекорите на Карачиќ беа очигледни. Поради таквата одлука на Начевски и Николов специјализираниот сајт за ракомет „Балкан Хендбол“ ги прогласи за најдобри во финалето.

„Ситуацијата кога Ѓорѓи Начевски во 59. минута досуди чекори од Карачиќ ќе влезе во антологијата на Европските првенство. Чекорите беа очигледни, но по прегледувањето на повторената снимка. Да донесеш таква одлука која е исправна и која ги менува работите бидејќи играчот е на 10 метри од голот, притоа знаејќи дека влијае на конечниот исход и е финале треба да имаше храброст! За таква одлука треба да имаш „кохонес“ (мад*ња). Таа одлука никој не може да ја оспори и беше чиста како солза“, стои во текстот на „Балкан Хендбол“ наменет за македонските судии.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде