Помеѓу дваесетте пријавени учесници за фаќање на крстот имало и една девојка, а кога епископот Иларион го фрлил светиот крст во водите, момците џентлменски и дале предност на дамата, а потоа и тие скокнале во водата.

Ивана Милојковиќ е девојката која го фатила крстот, а потоа се заблагодарила за ваквиот гест на момците.

Пред неколку години Светиот крст во штипско Ново Село го фати девојка. Потоа по налог на црквата беше поништено фаќањето на светиот крст.По тој чин се снимаше филмот “Господ постои, името му е Петрунија“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде