Жозе Мурињо се соочува со огромен проблем по повредата која ја заработи неговиот најдобар играч Хари Кејн, а на долгото отсуство на напаѓачот, сега се надоврзува и се поверојатното заминување на Кристијан Ериксен.

Данецот беше исвиркан од страна на навивачите на Тотенхем за време на дерби пресметката со Ливерпул со оглед на тоа што веќе подолго време игра далеку под нивото, а силните шпекулации кои го поврзуваат со заминување од Северен Лондон, прават ситуацијата да биде доста напната.

Мурињо денеска одлучи јавно да го опомене Данецот за кого се верува дека веќе има договорено трансфер во Интер, застанувајќи на страната на фановите кои го свиркаа за време на дербито и во моментите кога беше повлечен од игра.

– Ако ме прашувате дали ова е најдобриот Ериксен, мора да бидам комплетно искрен и да кажам „не“. Ако ме прашувате дали ги знам причините, ќе ви кажам дека не сум идиот. Многу години сум во фудбалот, свесен сум дека играч не може да игра на највисоко ниво во такви околности како неговите. Не сакам да го критикувам, но играч во негова ситуација не може да игра на потребното ниво. Навивачите не беа задоволни од неговото издание со Ливерпул и тука се согласувам со нив, – изјави Мурињо.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде