Научниците конечно го декодираа чудното однесување на мозочните клетки и ги рекреираа во мали компјутерски чипови.

Овие мали неврони би можеле да го променат начинот на кој создаваме медицински направи затоа што ја копираат здравата биолошка активност, но потребен им е само милијардити дел од енергијата потребна за микропроцесорите, стои во соопштението од Универзитетот во Бат, Велика Британија.

Невроните се однесуваат слично на електрични кола во телото, но нивното однесување е помалку предвидливо – особено кога станува збор за анализа на врската меѓу влез и излез на електрични импулси. Но, овие нови вештачки мозочни клетки успешно го имитираат однесувањето на неврони на глувци од два одредени региона на мозокот.

– Досега невроните беа црни кутии, но успеавме да ја отвориме црната кутија и да ѕирнеме внатре. Нашиот труд ја менува парадигмата затоа што обезбедува робустен метод за репродуцирање на електричните карактеристики на вистинските неврони – истакна физичарот Ален Ногарет.

Крајната цел е овие неврони да се користат за градење медицински направи кои може да бидат корисни за потребите на пациентите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде