И покрај тоа што Валентајн е празникот на 1љубовта, најмногу парови прават веридба на еден друг празник кој што се приближува.

Станува збор за Божиќ, барем според анализите на популарниот сајт за планирање на венчавки Bridebook.

Според нивните статистики, најмногу веридби настануваат во периодот околу Нова Година и Божиќ, а бројот на веридби во декември е поголем за 40% во однос на другиот период во годината. Во овој период најпопуларни датуми за веридба се Божиќ, Бадник и Нова Година.

„Наредните неколку недели очекувајте вашиот инстаграм-профил да биде преплавен со фотографии од прстени под божиќните дрвца, со популарниот #proposalseason (сезона на веридби)“, најавил основачот на страницата Hamish Shephard за Harper’s Bazaar.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде