Неверници немаат мерка.Направија циркус од традицијата вадење на Светиот крст од водите во реката Брегалница.Темна дамка на централната свеченост за Водици на Камениот мост во Штип. Овој свечен чин ќе остане запаметен по инцидентот кога двајца од 50-темина скокачи останаа да лежат во реката и буквално да се борат за светиот крст. После неколку минутно натегање крстот го зеде оној кој што не стигна прв до него, а и после укажувањата на владиката Иларион да го предаде, не сакаше да го стори тоа. На крајот сепак преовлада разумот и светиот крст му припадна на Наумче Балевски, кој беше најбрз и кому му беа доделени подготвените подароци.

-Ми го зема од раце крстот. Како што сите тргнавме, јас го фатив крстот и ми вика „пушти го, пушти го“ , со закана, тоа не убаво- Изјави Наумче Балевски.

Меѓутоа владиката Иларион не остави ова да помине неказнето.

– Бидејќи настана еден немил настан, предложивме се додека се смират луѓето, крстот да остане во црквата оваа година, а догодина ако се средат работите како и годините наназад, повторно ќе биде носен крстот низ градот. Биедејќи крстот ќе биде во цркавата ќе можат сите верници да дојдат да се поклонат и да го целиват крстот во соборната црква Св. Никола- Изјави Г. Иларион, митрополит Брегалнички.

Еден час порано свет крст во водите на Брегалница се фрлаше и во штипско Ново село. Таму најуспешен беше 29 годишниот Антонио Станков.

-Втор пат го фаќам. Прв пат ми беше во 2018-та- изјави Антонио Станков, жител на Ново Село.

Токму во Ново село пред 6 години се случи големиот скандал кога Борислава Васкова го фати крстот, за да веднаш потоа на најподол начин и биде одземен од раце. Подоцна овој немил настан беше инспирација за филмот Господ постои, името и е Петрунија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде