Поранешниоттелохранител на принцезата Дајана, Кен Варф, се присетил како го слушал 4-годишниот принц Хари кој му велел на својот брат Вилјам дека може да прави што сака затоа што никогаш нема да биде крал.

Тој раскажал што всушност се случило пред 30 години додека семејството патувало на викенд.

Имено, принцот Хари и неговиот брат Вилијам се расправале и препирале за време на патот.

„Се сеќавам на моментот кога Хари како 4-годишно дете патуваше секој викенд. Тој и неговиот брат имаа кавга на задното седиште од автомобилот.

И на крајот Хари рече: „Еден ден ти ќе бидеш крал, а јас нема. Така што можам да правам што сакам“.

Според она што го кажал Варф, Дајана рекла: „Од каде  му е сега ова по ѓаволите?“

Реченицата на Хари наговестувале сложена врска меѓу браќата, која со текот на времето станала напната.

„Морате да запаметите дека тој е еден од најпопуларните членови на кралското семејство. Сите ја гледавме свадбата во Виндзор и сите рековме дека тоа е иднината на монархијата. И сега одеднаш сето тоа се распаѓа“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде