Француската влада ги предупреди своите граѓани да не користат кокаин за да се заштитат од коронавирусот.

Предупредувањето беше објавено после низата на информации кои се појавија на социјалните мрежи и сугерираа на тоа дека кокаинот го убива коронавирусот.

„Не, кокаинот нема да ве заштити од Ковид-19. Тоа е дрога на зависност која предизвикува сериозни и штетни последици“, напишаа на Твитер од француското Министерство за солидарност и здравство.

Тоа предупредување од Министерството го издадоа со цел да го намалат влијанието на дезинформациите кои се појавија во француската јавност. Слични предупредувања издадоа и во врска со користењето на алкохол и хлор, нагласувајќи дека тие не ги убиваат организмите кои се во организмот.

Од Министерството исто така нагласија дека коронавирусот не се пренесува преку комарци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде