Шпанскиот крал Филип VI и неговата сопруга кралицата Летиција биле гости на доделувањето на наградите за новинарство.

Бидејќи и таа долго работела како новинар, сопругата на шпанскиот крал е редовна гостинка на сите случувања на кои се оддава признание на нејзините поранешни колеги па така и вчера уживала во мадридскиот хотел Палас каде што била врачена наградата за шпански писател, преведувач, публицист и професор.

Кралицата Летиција, очекувано изгледала феноменално на овој гламурозен настан. Таа заблескала во фустанот кој го потпишува белгискиот дизајнер Дрис ван Нотен и е дел од неговата колекција за есен/зима 2019-2020 година.

Станува збор за црн тесен фустан, а украсен е со несекојдневен флорален дезен.Меѓутоа во центарот на внимание не бил фустанот туку обувките. Шпанската кралица носела сандали, моќен модел со вртоглави потпетици високи 12 центимерти во црна боја и имале златни елементи кои совршено се поклопувале со овој изглед.

Тие се мало ремек дело на шпанската куќа “Magrit“ кои Летиција ги надополнила со плик ташна со идентична нијанса.

Иако Меланија Трамп важи за една од некрунисаните кралици на елегантна облека, на ова издание на кралицата Летиција би ѝ завидела и таа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде