На интернет се појавила лажна реклама која ја налутила пејачката Нина Бадриќ, по што таа брзо се огласила и најавила тужба.

Збор е за реклама за таблети за слабеење во која се наведува дека Нина изгубила 19 килограми со нивното консумирање.

Нина брзо реагирала за да се демантира било каква врска со овој производ, а исто така нагласила дека целиот случај го предала на нејзиниот адвокат.

Таа исто така ги замолила сите оние кои го имаат овој производ да ѝ јават за да собере што е можно повеќе информации.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде