Министерството за одбрана продолжува со низата скандали предводени од министерката Радмила Шеќеринска. Со катастрофалната нова структура на сили, со која се згасна Полкот за специјални операции – популарните „Волци“, се укинува сквадронот на борбени хеликоптери, се маргинализира тенковскиот баталјон во „Б“ формација, лошата одбранбена политика продолжува преку политизација и партизација на воената професија, објави Нетпрес.

Почнаа и првите поставувања согласно новата структура на сили и на клучните позиции се поставува исклучиво партиски послушници, иако не ги задоволуваат основните критериуми во описот и пописот на работното место.

За командант на вториот пешадиски баталјон во Штип е поставен потполковник Стојанче Костов, истакнат член и активист на СДСМ, кој во 2017 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации му има врачено решение со кое го одбива да му издаде безбедносен сертификат со степен „Државна тајна“.

Повеќе можете да прочитате на овој линк.

1 коментар

  1. СИТЕ СДСМОВЦИ СЕ БЕЗБЕДНОСЕН РИЗИК ЗА МАКЕДОНИЈА ЗАТОА ДА ИМ СЕ ДАДЕ БОЛНИЧКИ СЕРТИФИКАТ ЗА БАРДОВЦИ А НА ОНАА КОКОШКА НЕДОКВАКАНА ДОЖИВОТНА ЗАБРАНА ЗА ВЛЕС ВО МАКЕДОНИЈА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде