Неофицијално, станува збор за Пепи Х. и Стефан А. од Штип

Полицијата ги уапсила насилниците од снимката на која се гледа како тепаат девојче, потврдуваат од МВР. Станува збор за Пепи Х. и Стефан А. од Штип.

На видеото што се појави на социјалните мрежи, се гледа како тие се изживуваат врз девојче, го клоцаат и навредуваат.

Поради вознемирувачката содржина видеото НЕМА да биде објавено на Прес Центар.

Пред апсењето, за случајот се огласи дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска:

„Почитувани, на социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување.“

Според Кривичниот законик, тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз него врши грубо насилство и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде