Генералот на војската на Србите во Република Српска, Ратко Младиќ почина денеска во Хаг, пренесоа експресно српските медиуми, повикувајќи се на информација објавена на Твитер од министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Бисера Турковиќ.

, набрзо српските медиуми излегоа со друга вест. Ратко Младиќ не починал, веста е лажна. Како потврда за тоа, спрските медиуми посочуваат дека станува збор за лажен твитер профил на министерката Турковиќ.

Сепак, како што јави српски Блиц, Ратко Младиќ не починал.

Хашкиот трибунал со првостепена пресуда изречена во ноември 2017 година, го осуди Младиќ на казна доживотен затвор, прогласувајќи го за виновен за геноцид извршен во Сребреница во 1995 година, за прогон на Бошњаците и Хрватите низ Босна и Херцеговина, за тероризирање на населението во Сараево и за земање на припадници на УНПРОФОР како заложници.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде