Принцот Чарлс (71), кога ќе стане крал, планира да ги сведе членовите на кралското семејство на синовите Вилијам и Хари, нивните сопруги и децата, а се верува дека неговите планови ги забрза неодамнешниот скандал со принцот Ендрју, пишуваат британските медиуми.

Принцот од Велс наводно минатата недела за тоа го известил својот татко, принцот Филип (98) во Сандригхам, каде што расправале за заминувањето на кралицата Елизабета Втора (93) во пензија во следните 18 месеци.

Веста се појави откако предводникот на британските лабуристи, Џереми Корбин, во интервјуто за Скај њуз рекол дека и тој смета дека кралското семејство е преголемо.

„Мислам дека јавноста би сакала такви промени, а во прв план се расправаше за однесувањето на принцот Ендрју“, рекол Корбин.

„Принцот Ендрју испадна од целата приказна. Мислам дека нема да има никакви кралски должности, а сега е прилично извесно дека тоа се однесува и на неговите ќерки“, рекла Британи Багер, уредничката на порталот Ројал централ, специјализиран за вести од кралскиот двор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде