Рафаел Надал беше видно нерасположен по поразот на шпанскиот тим во финалето на АТП Купот во Сиднеј. Тој влезе во конфликт и со навивачите, по изјавата дека дел од публиката „не разбира каков спорт е тенисот“, алудирајќи на навивањето на српските навивачи.

Сепак, кога зборуваше за мечот со Новак, имаше интересна изјава:

„Тој е најдобриот играч на терените во последните години. Играњето против најдобриот играч е секогаш тешко“, вели Надал.

„Мислам дека подобрив некои работи. Можеби ова е почеток на сезоната и добро време да се видат некои работи. Мојот сервис беше добар и тоа е многу важно за идните натпревари“, вели Шпанецот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде