Поранешниот италијански репрезентативец и член на неколку големи тимови од Серија А, Антонио Касано смета дека во Јувентус има голем проблем поврзан со Кристијано Роналдо.

Имено, Касано посочи дека Роналдо има проблем со тренерот Маурисио Сари, а од Јувентус се обидуваат да ја прикријат оваа работа.

– Мислам дека Роналдо има голем проблем со Сари. Се започна со двете последователни замени кои дефинитивно го налутија играчот. Според мене има проблем меѓу нив, а во Јувентус се сосема добри за да го прикријат тоа, -изјави Касано во емисијата „Тики Така“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде