„Додека државата е посветена на борба против коронавирусот, додека граѓаните се солидаризираат и си помагаат, Наќе Отсјај преку режимски структури во МВР се обиде да спречи хуманитарна акција за помош на илјадници граѓани“, велат од СДСМ.

„Откако не успеа, сега Наќе Отсјај вели дека Одделот за внатрешна контрола ќе го истражи случајот, за веднаш потоа да каже дека во скандалозниот обид да се спречи хумана акција, било постапувано согласно процедурите и стандардите.

Ваквите контрадикторни ставови на Наќе Отсјај само покажуваат дека тој и во овој случај сака да се стави над законите, над процесите.

Да не се обидува Наќе Отсјај да ја заташкува истрагата, одговорност мора да има.

Ваквото негово однесување не е новост, слично тој постапи и за сомневањата дека неговиот шеф Христијан Мицкоски посетувал фитнес центар кога такви објекти не смеат да работат, кога предвреме сакаше да ја затори истрагата а за сомневањата дека придружниците на Мицкоски носеле ракавици, истакна дека тоа било отсјај од светлината.

Целокупното дејствување на Наќе Отсјај е во фунцкија на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, наместо за почитување на законите, наместо за граѓаните, тој се грижи единствено за потребите на неговиот шеф Мицкоски.

Со ваквите постапки граѓаните можат да се потстат на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и МВРО-ВМРО“, посочуваат од партијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде