Судечкиот совет не го прифати предлогот за укинување на притворот на обвинетиот Бојан Јовановски, во случајот “Рекет” и го одби како неоснован. Судијката Васка Николовска Масевска  рече дека се уште опстојуваат причините за определување на мерката притвор и дека здравствената помош може да му се укажува и во затвор.

Кривичниот совет има доставено барање до здравствените институции за диететско хигиенски режим, а како аргумент плус судот го наведе тоа што Апелацискиот суд пред 15 дена му го продолжи притворот.

Денешното рочиште на кое требаше да сведочат бизнисменот Владимир Тодоровиќ  и сведокот Лидија Јаневска се одложи бидејќи Тодоровиќ бил во Бугарија, а Јаневска не добила покана.

За следните рочиште одбраната како сведоци ги има предложено Сергеј Варошлија, сопругот на пратеничката Фросина Ременски, Јовче Ременски, Дејан Панделески и други кои треба да ги обезбеди.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде