Техничкиот премиер Оливер Спасовски по барањето за разрешување на министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи предлага опозицијата на нејзино место да постави некој од пратениците кои гласале за Протоколот за НАТО. Спасовски рече дека очекува опозицијата да постапи мудро по барањето за разрешување на Мизрахи одговарајќи на новинарско прашање како ќе се разреши проблемот со евентуално испразнето министерско место во техничката Влада.

„Јас го дадов предлогот до Собранието за разрешувањето на постојната министерка за труд и социјална политика, но немам дадено предлог кој да биде, тоа останува на опозицијата. Јас очекувам дека опозицијата ќе биде мудра и ќе даде кандидат којшто го почитува Уставот и законите, на пример еден од пратениците коишто гласаа за Северна Македонија при протоколот за НАТО. Еве можно решение, одлуката е нивна. Кого сакаат нека го дадат, јас ќе го прифатам’“, рече премиерот Спасовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде