People wearing protective masks are seen in an Apple Store, as China is hit by an outbreak of the new coronavirus, in Shanghai, China, January 29, 2020. Picture taken January 29, 2020. REUTERS/Aly Song

Кинеското обвинителство поднесе кривична пријава против жител на градот Чонгкинг, кој поврзал петарди околу себе и се полил со бензин, поради забраната за јавни собири по повод епидемијата на коронавирусот.

Кинеската новинска агенција „Синхуа“ објави дека жител на Чонгкинг планирал роденденска забава за 28 јануари со повеќе гости, но локалните власти побарале од него да ја откаже прославата.

На 26 јануари, тој не успеа да ги убеди властите да му дозволат да одржи забава, по што врзал петарди наоколу, се попрскал бензин и држел запалка, како би ги убедил да го сменат своето мислење.

„Неговите постапки ги спречија локалните власти да работат во запирањето и контрола на епидемијата“, вели Синхуа.

Не е познато со каква казна ќе се соочи жителот доколку биде прогласен за виновен.

Кинеските власти забранија поголеми собири, во обид да го спречат ширењето на епидемијата, од која повеќе од 1.100 луѓе  починаа и повеќе од 40.000 се заразени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде