Голманката на женскиот тим на Ливерпул, Фран Китинг доживеа сериозна повреда на главата за време на тренинг.

Таа доживеа страшна расекотина на лицето откако една од нејзините соиграчки ја погодила со копачка.

Китинг го пропушти првенствениот меч на Ливерпул со Бристол Сити, а потоа ја објави причината за нејзиното отсуство.

„Ова се случи на тренинг во вторникот. Затоа денеска не бев со тимот. Ова е најтешката повреда што сум ја имала досега како голман, но најважно е дека се чувствувам подобро и подготвена сум да се вратам на голот“, напиша Китинг на Инстаграм.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде