Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, изјави дека наскоро доаѓа документарниот филм „Томас Маркл: Мојата приказна“, во кој тој зборува за неговата врска со ќерката Меган и за настаните што му претходеа на нивното разидување.

„Ова го сторив за луѓето да ја слушнаа мојата страна од приказната и да сфатат дека не сум каков што ме прикажаа медиумите“, вели Томас.

“Меган ќе ме види следниот пат кога ќе ме спуштат во земја. Се плашам. Мислам дека таа или принцот Хари нема повторно да разговараат со мене. Сакам да им се обратам преку овој документарец”, вели Маркл, повторувајќи дека бил принуден да ја прескокне кралската свадба бидејќи имал срцев удар неколку дена пред тоа.

Тој го осудува војводскиот пар затоа што ги напуштил царските должности.

“Таа го оствари сонот на секоја девојка и стана принцеза. Сега го отфрла толку лесно. Се чини дека го прави тоа за пари. Кога се венчаа, прифатија некои должности и требаше да ги исполнат”, вели таткото на екс војвотката Меган.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде