1. Кучињата го намалуваат крвниот притисок – Според истражувањето на научниците од Универзитетот во Њу Јорк, луѓето кои чуваат куче имаат нормален крвен притисок, односно оние кои имале зголемен крвен притисок по земање на куче за домашен миленик им се стабилизирал крвниот притисок. Дополнително, оние кои чуваат куче имаат помали шанси за добивање на срцев удар. 
  2. Кучињата помагаат за намалување на телесната тежина – Грижата за куче е како грижа за дете. Потребно им е игра и прошетки. Долгите прошетки со вашиот миленик се добри за вашето и здравјето на вашиот миленик. 
  3. Уште една здравствена придобивка, ви го поправаат расположението – Да се биде покрај куче има позитивен ефект за многу луѓе. Докажано е дека да се има домашен миленик куче е како да се има најдобар пријател. Дополнително, тие никогаш нема да ве повредат и ќе бидат со вас и во добро и во лошо. Тие се вашиот најверен пријател. 
  4. Кучињата се одлични за децата – Кога дете се грижи за кученце, тоа ги учи на одговорност, грижливост и соработка. Децата кои имаат миленик се со поголема самодоверба, страдаат помалку од алергии, се посреќни и подобри личности.
  5. Ја намалуваат болката – емоционална или физичка, кучињата се подобри од лек. Тие ја намалуват болката. Ја намалуваат анксиозноста, а со тоа ја намалуваат и болката, тоа е научно докажано. Одлични се и за сами луѓе или постари лица кои изгубиле партнер и може да пронајдат утеха во домашниот миленик. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде