Србинот Лука Јовиќ имаше сезона за паметење во дресто на Ајнтрахт Франкфурт од каде што летово премина во редовите на Реал Мадрид. Преселбата од Германија во Шпанија за Јовиќ е голем исчекор во кариерата, а тој откри како дознал дека и официјално е член на „кралевите“.

Имено, секако дека Јовиќ знаел за трансферот во Реал Мадрид, но не бил запознает кога ќе има официјално претставување, поточно кога ќе биде објавен трансферот.

„Јас бев дома, во Србија. Со автомобилот тргнав кон моето село. Мобилниот телефон завибрира и ми стигна нотификација на Инстаграм. Отворив и видов дека Реал Мадрид и официјално објавил за мене. Не можам да ви го опишам тоа чувств, бев многу изненаден. Иако и претходно се договорив со Реал, сепак проблем беше откупната цена“, вели српскиот напаѓач.

Јовиќ засега се мачи да се пронајде во Реал Мадрид и сезона на 11 натпревари има постигнато само еден погодок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде