Познат пејач на народни песни од Црна Гора, Неџиб Нечко Делиќ бил убиен синоќа во околу 22 часот во својата куќа во населбата Јалија во Плевља. Делиќ најверојатно бил усмртен од неговиот роднина кој го убил на влезната врата од неговата куќа во која живеел со сопругата и двете деца. Идентитетот на убиецот се уште не е познат, а убиецот извршил и самоубиство на 50 метри оддалеченост од куќата на Делиќ.

Истрагата ќе утврди кои се причините кои довеле до трагедија.

Од Опретивно-комуникацискиот центар на Управата на полицијата половина час пред полноќ соопштиле дека немаат информации за убиство и самоубиство во Плевља, иако тоа се случило скоро еден час претходно.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде