Во Саботата,  Македонските Спортски Федерации кои се на  програмата на Олимписките игри одржаа состанок, на кој главна тема беше заземање став и носење Заклучок по однос на нивното барање упатено до МОК за конечна промена во Статутот, со што истиот би се усогласил со Олимписката повелба.

ОЛИМПИСКАТА  ПОВЕЛБА вели вака :

    МНОЗИНСТВОТО ОД ГЛАСОВИТЕ во рамки на еден национален олимписки комитет и неговото извршно тело СЕ СОСТОИ од гласовите кои произлегуваат од НАЦИОНАЛНИТЕ СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ (од олимписките спортови) наведени во точка  или нивни претставници. 

     Кога се работи за прашања кои се однесуваат на Олимписките игри, ПРЕДВИД СЕ ЗЕМААТ САМО ГЛАСОВИТЕ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ТАКВИТЕ НАЦИОНАЛНИ СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ И НЕГОВОТО ИЗВРШНО ТЕЛО.

И замисли, чудо !!!

Претставник од МОК – НЕМА.

 МОК не е засегнат од фактот што 30 години бега од обврската да се усогласи со Библијата во спортот – со Олимписката повелба. МОК бега од обврската на претставниците на Олимписките спортови да им дозволи сами да одлучуваат за нивниот спорт. МОК бега од ОЛИМПИСКАТА  повелба, а се нарекува ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ !!!

И замисли , вели Меѓународниот Олимписки Комитет ќе ја суспендирал Македонија од олимпиското движење заради барањата на олимписката спортска фела .

Не, не Циле, Меѓународниот комитет ќе ја суспендира Македонија – тука си во право. Но не заради барањата на спортистите, туку заради твоето 30 годишно криење позди нив, заради твоето бегање од обврските кои ти си ги превземал пред 30 години, и се уште глумиш дека ке ги исполниш, а во себе се надеваш дека барем уште 30 години ќе тераш на истиов начин.

Дали дел од твојата убиствена стратегија (на спортот) е и тоа што во заложништво  држиш дел од олимписките федерации кои за воља на вистината, досега не успеале ни да го помирисаат воздухот на Олимписките игри ?

Дали неколку семинари и кампови од по неколку десетици илјади долари кои “ќе“ ги организираш во нивно име, сметаш дека се доволни за да ги убедиш во моментот на одлука, да застанат позади тебе и да речат : НЕ – ЗА ОЛИМПИСКАТА ПОВЕЛБА

Дали сметаш дека со твоето роварење позади грбот на луѓето кои со години наназад успешно ги водат спортовите за кои се избрани, а со цел да ги избркаш и на нивно место да поставиш твои послушници, повторно ќе ја постигнеш целта :  НЕ – ЗА ОЛИМПИСКАТА ПОВЕЛБА

Од 204 национални Олимписки комитети во целиот свет, 203 ја почитуваат и ги утврдиле нејзините одредби во своите Статути.

Што мислиш Циле, која ли е таа една единствена земја во која Националниот Олимписки комитет и после 30 тина години се уште вели : НЕ – ЗА ОЛИМПИСКАТА ПОВЕЛБА

Аааааа, а можеби се надеваш дека Интернационалниот комитет ќе ги суспендира оние 203 национални комитети бидејќи ја почитуваат Повелбата, и да, тогаш ќе остане само македонскиот олимписки комитет, и сите наши спортисти ќе учествуваат на Олимписките игри – сами против себе.

 Е тоа би било за тебе Циле најголем успех , нели ?

Цилеееее, спиеш ли мирно  ???

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде