Министерот Филипче со Фејсбук статус упати благодарност до неговите колеги кои неуморно водат битка со пандемијата со цел зачувување на јавното здравје.

Министерот сподели и неколку фотографии од колеги кои во текот на целиот вонреден период постојано се на нивните работни места.

Денес, на Ден на трудот, упатувам посебна благодарност и признание до нив и сите здравствени работници кои неуморно се борат за зачувување на јавното здравје. Големо благодарам и до сите вас кои денес и целиот овој вонреден период сте се на своите работни места.До сите граѓани апелирам почитувајте ги мерките за заштита, носете лична заштита за уста и нос, држете дистанца, почитувајте го ограничувањето на движењето.Заштитете се себе и сите оние кои неуморно работат во служба на нашето општество.

Заедно ќе надминеме!, напиша на Фејсбук министерот Филипче по повод Денот на трудот, 1 мај.

Денес, на Ден на трудот, упатувам посебна благодарност и признание до сите здравствени работници. Тие неуморно се борат…

Gepostet von Венко Филипче am Freitag, 1. Mai 2020

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде