Ниту еден тест не е 100 посто сензитивен, рече вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Тој објасни што се случувало со жената кај која после смртта беше докажан коронавирусот. Она што го кажа го темели на исказите од болницата и Центарот за јавно здравје во Куманово.

Жената која што почина од Ковид 19 за првап на преглед се јавила на 16 март, имала температура без кашлица и негирала дека патувала во странство, по што и била дадена терапија. Следниот ден на 17 март дошла заедно со нејзиниот син кој исто така имал температура и повторно негирала патување во епидемиолошката анкета и негирале контакт со заболен.

„ На 17 и 18 март примале терапија во дневната болница, немале кашлица. На 19 март со потежок наод констирана е пневмонија и се сместени во изолација, по што се земаат брисеви. Значи, на 19 и на 20 март се направени во два наврати анализи на двајцата. Резулатите од 19 март се негативни, а на 20 март се повторен тестот кај мајката и тој бил негативен. На 21 март состојбата се влошува направени се обиди за реанимација, но за жал без успех, пациентката починала. Со оглед дека компликацијата станува нагло, земен е материјал после смртта, уште еден материјал и тестот е позитивен на коронавирус. Преиспитани се повторно матријалите уште еднаш и тие се негативни. Разговараме со експерти, консултиравме литература никаде тестовите не се 100 посто сензитивни и тоа е докажано“, изјави министерот Филипче.

Тој рече дека е направена епидемиолошка анкета на здравените работници и ќе се види дали ќе одат во изолација или ќе бидат тестирани.

Во однос на тоа како ќе се одвива состојбата со вирусот, тој рече дека е тешко да се претпостави, но пикот односно врвот на болеста се очекува за еден месец.

„Тешко е да се каже колку заболени ќе има, има само претпоставки. Се надевам со новите мерки ќе постигне резулат. Пикот би бил за 1 месец од сега. Верувам дека намалувањето на социјалните контакти ќе овозможи да се намали бројот, се надевам дека ова што се превзема ќе даде резултат“, рее Филипче.

Тој рече дека е направен е список на лекари кои можат да работат, да се вклучат во вцаква ситиација, околку во 200 млади лекари и 400 медицински сестри , како и пензионирани лекари кои ќе бидат повикани доклку треба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Напишете коментар!
Ве молиме внесете го вашето име овде